На обвинителката Ленче Ристоска и се одземаат предметите против ВМРО-ДПМНЕ, ,,Талир” 1 и 2

0
157

Новиот државен јавен обвинител Ненад Севески денес на брифинг со новинарите најави дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства.

Ова значи дека ќе и бидат одземени предметите на обвинителката Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се однесуваат на перење пари и на незаконското финансирање на луксузната Бела палата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.