МРТ ќе утврдува како се случило и кој дозволил песна за „голема Албанија“ да се пушти на јавниот сервис

0
134

Македонската радиотелевизија (МРТ) ќе утврдува како се случило и чија е одговорноста за тоа што на јавниот радиодифузен сервис да се емитува детска песна со тема и со симболи на таканаречената „голема Албанија“, објави „Скопје1“. Во саботата во 11 часот беше пуштена снимка од детски фестивал на која девојче во маичка со карта на „голема Албанија“ ја пее песната „Trojet shqiptare“ („Албански простори/земји

Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски, вели дека МРТ веќе постапува за случајот и дека ќе се утврди одговорноста. Според него, ова прашање ќе биде отворено на следната седница на Програмскиот совет на МРТ, во четврток.

Според информации на „Скопје1“, уредничката на вториот телевизиски канал на МРТ подолг период е на боледување, што отвора дополнителни прашања околу уредничката контрола и одговорноста за емитуваната содржина.

Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.

Реакциите во јавноста се засилија поради визуелниот дел, каде беше прикажана карта од замислената држава која го опфаќа цело Косово, но и делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора.