Нема активни пожари – тој на планината Готен е ставен под контрола

0
152

За гаснење на пожарот на Готен на терен интервенираа специјалните возила на ДЗС, хеликоптерот на Чешка, беровските пожарникари, пожарникарите што ги испрати Словенија и доброволци на „Национални шуми“

Нема активни пожари на територијата на државата, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

За гаснење на овој пожар на терен интервенираа специјалните возила на ДЗС, хеликоптерот на Чешка, беровските пожарникари, пожарникарите што ги испрати Словенија и доброволци на „Национални шуми“.

Изгаснати се пожарите на териториите на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино и четири во Прилепскиот Регион.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на вчерашната рес-конференција апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.