Нема замрзнување ЈАЈЦАТА ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПОСКАПЕА ЗА 100 ДЕНАРИ

0
245

Јајцата деновиве енорѓно поскапеа Во маркетите може да се најдат со за 15% повисока сума или просечно по 30–40 денари повеќе по табла.

Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 89 – 90 на 105 денари, реагираат купувачите. Иако во различни маркети може да се најде и до 130 денари, велат познавачите. На скопските пазари пак, таблата од 30тина јаца се пресметува дека е повисока за цели 100 денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека минатиот месец, најголемо зголемување имало кај цените на јајцата и на месото, кои пораснале, во просек, за 10 отсто.

– Зголемени се одредени продукти како, на пример, јајцата за 40 денари од табла и месото за околу 10 отсто, а има мало намалување на цените на овошјето и на зеленчукот. Поради тоа, има и благо намалување на месечните трошоци за храна од 371 денар. Но, пак на граѓаните им оди една минимална плата за храна и животот станува сè поскап. Поради тоа, го ревидиравме нашето барање за минимална плата на 600 евра – изјави Иван Пешевски од ССМ.

Инаку раст на цената на јајцата се бележи последниве неколку месеци. Ако табла јајца летоска беше 250 сега за неа треба да платите и до 350 денари.