По обилните дождови има големи одрони, критично на патот Делчево – Македонска Каменица

0
133

По поројните врнежи што започнаа синоќа, на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица се појавија повеќе одрони, што значително го отежна сообраќајот на овој правец.

Возачи информираат дека најкритичен е делот по селото Очипала, кај Баткова Чешма, каде на коловозот има наталожена поголема количина кал и камења. На други точки долж трасата се забележуваат помали одрони, кои дополнително го успоруваат сообраќањето.

Надлежните служби упатуваат апел до сите возачи да ја прилагодат брзината и да бидат внимателни. Екипи веќе се на лице место и работат на расчистување на патот. објави Скопје1.мк