НОВИ УЖАСИ ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ БОМБАРДИРАШЕ ДЕТСКА БОЛНИЦА

0
223

Израелските сили преку ноќ ја нападнале детската болница Ал-Рантиси во Појасот Газа, што доведе до евакуација на околу 40 хоспитализирани пациенти, соопштија од канцеларијата за медиуми на владата на Хамас. Комплексот бил цел на три одделни напади за краток временски период.

Овој злостор го потврдува систематското настојување на окупаторот да го блокира здравствениот систем“, стои во соопштението.

Ал-Рантиси е единствената специјализирана болница во Газа која обезбедува онкологија, дијализа и други специфични услуги, вклучувајќи третман на пациенти со респираторни и дигестивни заболувања. Според властите, таму се згрижени 80 пациенти, како и четири интензивни единици за возрасни и осум неонатални оддели со интензивна нега.

Градот Газа е претворен во сцена на апокалипса. Додека израелската армија ги проширува своите копнени операции, министерот за одбрана Израел Кац отворено се закани дека ќе го уништи градот до темел. Она што некогаш претставуваше срце на палестинската енклава денес изгледа како море од урнатини, чад и крици на луѓе заробени под бетонските бло