ПОД КОНТРОЛА ТРУБАРЕВО, НО НЕ И КОЖУФ Четири пожари сè уште беснеат низ Македонија

0
220

На територијата на Македонија до утрово во 07:00 часот на регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири сè уште се активни, еден е под контрола, а 15 се целосно изгаснати.

Најсериозни се пожарите во Гази Баба, Гевгелија, Липково и Зелениково. Во селото Виниче кај Гази Баба огнот зафати нискостеблеста шума во реонот на Муратница. На Кожуф планина кај гевгелиското село Петрово се шири приземен пожар што гори лисна маса, додека во Липковско, кај селото Никуштак, пламените јазици зафатија деградирана нискостеблеста и дабова шума. Најтешка е ситуацијата кај селото Вражале во Зелениково, каде што гори борова насадена површина.