Пад на цената на нафтата откако Трамп најави можен мировен договор со Иран

0
84

Фјучерсите за суровата нафта „брент“ паднаа за 1,69 долари, или 1,5 отсто, на 108,18 долари за барел. Фјучерсите за американската нафта Западен Тексас се намалија за 1,67 долари, или 1,6 отсто, на 100,60 долари.

Цените на нафтата паднаа втор ден по ред поради очекувањата дека испораката од клучниот регион за производство на Блискиот Исток би можела да продолжи откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека може да се постигне мировен договор за завршување на војната со Иран.

Фјучерсите за суровата нафта „брент“ паднаа за 1,69 долари, или 1,5 отсто, на 108,18 долари за барел. Фјучерсите за американската нафта Западен Тексас се намалија за 1,67 долари, или 1,6 отсто, на 100,60 долари.

Трамп објави дека накратко ќе ја паузира операцијата за помош при придружба на бродовите низ Ормускиот Теснец, наведувајќи го напредокот кон сеопфатен договор со Иран, без да даде детали за договорот.