Пожар избувнал утрово во Државното средно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, соопшти тетовската полиција. Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти, но поради вдишување на чад шестмина завршиле во болница.
Денеска околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.









