Неверојатно: Поранешниот директорот на ИЈЗ си делел за себе и соработниците по три пати повисоки плати

0
35

Несоодветно евидентирање и чување на реагенси, и злоупотреби со исплата на додатоци и награди на платите на дел од вработените – се само дел од нерегуларностите кои биле практикувани од страна на претходното раководство на Институтот за јавно здравје, а кои денеска ги кажа на прес конференција директорка Марија Андоновска.

Високите награди се оправдувале со образложение „за домаќинско работење“ или за „извонредна успешност“ а со кои платите на дел од вработените се искачувале и до астрономски суми.