Донаторската вечер и промоцијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ на денот на нејзината трагична смрт, синоќа, во Скопје го собра пола државен врв, дизајнери, пријатели, роднини, уметници, претставници на дипломатскиот кор. Животот на 22-годишната дизајнерка од Неготино згасна кога на 29 јануари, 2025 беше прегазена на булеварот ,,Партизанска” во Скопје.
Во обраќањето пред присутните, нејзината сестра Росица рече дека синоќа не нè собра само болката по една прерано прекината младост, нè собра љубовта што остана по неа. Љубов што одби да замре со празнината, и во оваа смисла продолжува.









