Совет на Европа: Македонија постигна напредок, заврши 26-годишниот постмониторинг дијалог

0
165

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на својата јануарска сесија изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија. Со ова, како што е објавено на страницата на Советот на Европа, Собранието одлучи да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Во текстот на Резолуцијата, подготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија и Џозеф О’Рајли од Ирска, се наведува напредокот на земјата во владеењето на правото, заштитата на човековите права, демократијата, соработката со телата на Советот на Европа, а се признава и политичката посветеност за исполнување на обврските преземени уште во 2000 година.

Како што информираат од собраниската прес-служба, мониторинг комисијата има важна улога да го следи исполнувањето на обврските преземени од страна на земјите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на Организацијата на кои земјите членки се обврзале.

Исто така, се поздравуваат и мерките преземени за борба против корупцијата и посветеноста на земјата за решавање на проблемите со човековите права со кои се соочува ромската заедница, иако проблемите остануваат, како што се реформирањето на механизмот за „балансирање“ во врска со пристапот до вработување во јавниот сектор, примената на Законот за употреба на службените јазици и почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарското етничко малцинство