Правниците се јасни: Одлуката за домашен притвор на Груби е на сметка на обвинителството

0
144

Дилемата кој бил „поголем“ судијата или јавниот обвинител во одредувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби, ја разреши, кратко и јасно, членката на Судскиот совет, поранешната адвокатка Сузана Јошевска Атанасовска која на фејсбук напиша:

Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка.

Ова е директен и јасен одговор на барањето на министерот за правда Игор Филков кој побара одговорност од јавниот обвинител Даниел Коцев и да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот.

По мислење на МВР и АНБ, Груби добил куќен притвор
СДСМ: Контролирано обвинителство и судство, дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Филков го повика и раководителот на обвинителството Анел Фидоски да одговори дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот и побара судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски да каже кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно