Судење за Пулс: Прскалките се вклучија на „што сака нека биде“, никој од нас не го сфати сериозно повикот на Панчо

0
154

изгорени гласни жици и изгореници по телото…, дел од исказот на Ана Костадиновска. Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“ со сведочење на придужниот вокал на музичката група ДНК. Костадиновска посочи дека ДНК е нејзиното второ смејство, Сара Пројковска-сестра.

Ана Костадиновска-придружен вокал на ДНК

„На рефренот на песната ,,Што сака нека биде” се вклучија прскалките. Почувствував невообичаена топлина- инстиктивно погледнав нагоре. Забележав врата од кај бината, ги повикав дечките од прв ред, но видовме дека има катанец на вратата и истата е заклучена. Не сфативме зошто е заклучена. Го одбравме подолгиот пат од кај шанкот и тука ескалираше целата ситуација. Се срушивме пред излезот, заклучивме дека не можеме да излеземе. Врз мене имаше луѓе. Чувствувавме страшен мирис кој тераше на спиење. Личеше на хорор филм, не би можела да опишам…“

Сведочеше и музичарот Горан Тонев, соработник на музичката група ДНК, кој наведе дека капеле црни капки од запалениот сунѓер, од кои и се здобил со изгореници на дишните патишта и по телото.

Горан Тонев-музичар

,,Мислев дека го губам својот живот. Пожарот се ширеше екстремно брзо. Од горе капеа црни капки. Имаше многу чад, не можев да дишам. Од капките имам повреди, но повеќе од топлината. Поради повредите, сѐ уште не можам да си ја извршувам својата функција како музичар.”

Родителите и денеска јавно побараа правда за нивните деца.

родител

„Утре ова може да биде прашање на безбедност за секое дете во оваа држава. Нема да молчиме, нема да се откажеме. Инсистираме вистината да излезе целосно на виделина и секој што придонел за оваа трагедија да понесе одговорност.“

Петре Шилегов, адвокатот на поранешниот советник во Министерството за економија

Шофкет Хајдари, од судот побара да се прекине постапката заради нарушена рамноправност на обвинетите од Јавното обвинителство и на обвинетите полициски службеници од ОЈОГОКК.

Петре Шилегов-адвокат на Шофкет Хајдари

„Очигледно се двојните аршани што може во последниов период сериозно да ги видиме што ги применува Јавното обвинителство при носење на јавнообвинителски одлуки. Нема да навлегувам во она што е најактуално во јавноста во претходните два три дена.“

Дел од останатите искази на двајца сведоци кои присуствувале таа вечер во „Пулс“ на прашање следуваше одговор дека мислеле дека пожарот брзо ќе се изгасне и забавата ќе продолжи, но пожарот брзо се ширел, температурата во просторот се зголемувала, а дишењето било отежнато.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска.