Пратениците нема да имаат двојни државјанства, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ гласаа за , ДУИ против предлог законот

0
453

 

Собранието ги поддржа измените на законот за пратеници, со кој во иднина народните избраници нема да може да имаат двојно државјанство. Ваквата иницијатива беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ по забелешките на опозициската СДСМ дека дел од пратениците на власта имаат и бугарско државјанство. Антонио Милошоски рече дека по усвојувањето на овој закон тој ќе стапи во сила веднаш, односно ќе важи и за овој пратенички состав.

„За да биде пратеник во македонското Собрание секој ќе мора да има само државјанство на Македонија. Овој закон планирано е да влезе во сила со денот на објавувањето во Службениот весник а тоа значи дека овој закон доколку биде усвоен ќе важи и за овој пратенички состав, односно, оние пратеници кои што имаат двојно државјанство нема да можат да бидат пратеници во Собранието на Македонија.“, изјави Милошоски.

 

Скендер Реџепи од Европскиот фронт е против, вели дека ова решение е противзаконско и противуставно.

„Знаеме дека граѓаните на Република Македонија и во времето на Југославија живееле заедно со Албанците од Косово и знаеме дека многу граѓани од Република Северна Македонија кои што се државјани на Република Косово секако дека го имаат ова право тие да кандидираат и за пратеници и со овој закон ова им се оневозможува на тие граѓани“, рече Реџепи