Главниот преговарач на Иран во разговорите со САД изјави дека отворањето на Ормускиот теснец „не е можно“ поради, како што тврди, „очигледни прекршувања на прекинот на огнот“ од страна на САД и Израел.
Мохамад Багер Галибаф вчера на платформата Икс објави дека овие „прекршувања“ вклучуваат поморска блокада на иранските пристаништа од страна на САД, која ја нарече „земање на глобалната економија како заложник“, како и „военото потбуцнување на војна на сите фронтови“ од страна на Израел, објавува Би-би-си.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран останува отворен за разговори, но додаде: „Прекршувањето на обврските, блокадите и заканите се главните пречки за вистински преговори“. Нови мировни разговори меѓу САД и Иран се чинеше дека ќе се одржат оваа недела во Пакистан, но сè уште не се одржале. Потпретседателот Џ.Д. Венс, кој требаше да ја предводи американската делегација, сè уште е во САД.









