Претседателот Вучиќ се обрати: Нема жртви од протестите, а лага е дека беа употребени звучни топови

0
643

„Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, или побарале помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара, едно во Земун, така што вкупно 56 лица, кои не се тешко повредени. Лицето од кое стравувавме дека е во тешка состојба, бидејќи има добиено многу удари, беше вклучено во тепачка меѓу демонстрантите на плоштадот Никола Пашиќ. Тоа лице се здобило со најтешки повреди, но тие повреди не се ни квалификуваат, формално се квалификуваат само како тешки телесни повреди, но секако не бил загрозен  животот на повредениот – изјави Вучиќ.

„Ние не ја кренавме палката, денеска не ја употребивме палката.  Треба да се срамат „лажговците во политиката и опозицијата кои измислија за звучните топови. Тоа има толку морничав звук налик на чкрипење, кое предизвикува гадење“ додаде Вучиќ.

Претседателот се обрати по денешните протести, тој ги поздрави и студентите кои се повлекоа по неколкуте инцидентите кои избија, а за протестите во Будимпешта рече дека „стои ист потпис“, но и дека има идентичност во сликањето и снимањето на двата протеста.

ВИДЕО ИЗЈАВА