ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ ОТКАКО СИНОЌА СЕ ЗАПАЛИ ДИСКОТЕКА. СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД ЕКИПИТЕ ЗА СПАСУВАЕЊЕ ЗАГИНАТИ СЕ НАД 30 ЛУЃЕ.
Според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи над 100 млади луѓе се повредени, а најмалку 30 лица загинале во пожарот.
Повеќе десетици пациенти од катастрофалниот пожар во Кочани се префрлени во скопските клиники и болници.
Пациенти се префрлени во болницата 8-ми септември во Скопје и лекарските тимови се подготвени, ни потврдија од болницата.
Дел од повредените се пренесени во болницата во Штип.









