Приведен активист на Левица на натпреварот Македонија–Израел по истакнување палестинско знаме

0
140
Screenshot

За време на ракометниот натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел во спортската сала „Јане Сандански“, беше приведен Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот на Левица „Црвена младина“.

Од партијата информираат дека приведувањето се случило откако Куцуловски истакнал палестинско знаме на трибините.

Според нивните наводи, тој бил оттурнат и однесен со лисици во полициска станица, без да му биде образложена основата за лишување од слобода, ниту да биде наведено конкретно кривично дело или прекршок. Тврдат и дека полициските службеници не се легитимирале при интервенцијата.

Од Левица го осудија настанот, оценувајќи го како непропорционална употреба на сила и најавија дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за расчистување на случајот.