Примирјето со Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор – вели Трамп

0
57

Според ирански извори, американските и иранските делегации се очекува да одржат втора рунда мировни преговори во понеделник. Американските власти засега не потврдија официјално дека разговорите се закажани

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да не се продолжи привременото примирје меѓу САД и Иран доколку преговорите не резултираат со договор до среда, што ја зголемува неизвесноста за евентуална ескалација на конфликтот, пренесува Си-ен-ен.

Американскиот претседател Доналд Трамп / Фото: EPA/SHAWN THEW
„Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане“,

им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на враќање кон Вашингтон од Феникс, Аризона.
Според него, ако нема долгорочно решение, ќе мора, како што додаде, повторно да почнат да фрлаат бомби.

Според ирански извори, американските и иранските делегации се очекува да одржат втора рунда мировни преговори во понеделник. Американските власти засега не потврдија официјално дека разговорите се закажани.

И покрај тоа, Трамп претходно изрази уверување дека двете страни се приближуваат кон можен договор.