Рама вели дека Албанија нема да им дава пасоши на етничките Албанци од Македонија кога ќе стане дел од ЕУ

0
639
Screenshot

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија.

„Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство. Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош стана многу моќен“, изјави Рама.

Зборувајќи за положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денеска се во подобра ситуација отколку во кој било друг период од нивната историја и повика на одржување на овој напредок.