Трагедија во Скопје: Син го уби својот татко

0
17

Скопјанец (31) е уапсен откако со нож го уби својот татко по расправија што се случи синоќа во Скопје.

Според информациите од МВР, настанот се случи околу 22:30 часот во нивниот семеен дом на подрачјето на Бит Пазар.

Според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, а нивниот 31-годишен син Б.Џ. со нож му нанел повеќе убодни рани на таткото, од кои тој починал.

Полициски службеници околу 23 часот осомничениот го лишија од слобода осомничениот, а повредената жена е пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.