Одговарајќи на прашање на Обвинителството, но и на одбраната, сведокот Стево Манасиев рече дека додека работел како диџеј во „Пулс“ се користела пиротехника, што ја поставувало лице од Скопје. Го опиша како повозрасен човек. Но, како што кажа, не го видел вечерта кога се случил пожарот
Освен пејачот на групата ДНК, Панчо, никој друг не ги повика гостите да излезат надвор кога настана пожарот во „Пулс“, а единствениот излез беше главната врата, каде што настана хаос – сведочеше Стево Манасиев на денешното рочиште од судскиот процес за кочанската трагедија.
Манасиев од 2012, кога било отворено т.н. кабаре до 2017-2018 година хонорарно бил ангажиран како диџеј во „Пулс“. Критичната вечер таму бил присутен во два наврати. Еднаш за да сретне со Филип Стефановски, клавијатуристот на групата ДНК, од кого претходно таа недела дознал дека бендот ќе настапува во „Пулс.









