Лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по најавите дека може да стане дел од Владата, му постави услов на Изет Меџити пред обединувањето на коалицијата „Вреди“. Села вели дека секоја дискусија за вклучување во извршната власт мора да се базира на јасни политички услови, а приоритет за Алијанса за Албанците останува имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд.
Тој, според Села, е неопходен за гарантирање на еднаквоста и правичната застапеност, особено за немнозинските заедници во земјата. „Без исполнување на овој услов, не може да има договор за влез во Владата“, се вели во изјавата која ја пренесува Тетова 1.









