СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ЈАПОНИЈА, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦУНАМИ ОД 1 МЕТАР

0
256

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Издадено е предупредување за цунами со максимална висина од еден метар за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти Агенцијата.

Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а како што наведува јапонската агенција, не се потврдени неправилности во работењето на нуклеарната централа во префектурата Ехиме