Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Минималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица времето ќе биде под влијание на висок воздушен притисок. Се очекува стабилно и претежно сончево време со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.









