Маж е убиен во центарот на Белград утрово, а осомничен за злосторството е 26-годишник кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот по убиството и ја чекал полицијата.
Според Telegraf.rs, убиството се случило околу 7:00 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП.
Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот.
Според неофицијални информации пренесени од српските медиуми, полицајците на адресата пронашле 26-годишник кој наводно го признал злосторството.
„Го убив со секира“, наводно им рекол на полицајците по нивното пристигнување.
Полицијата веднаш го уапсила и привела.
На местото на злосторството има голем број полицајци и форензички експерти кои спроведуваат истрага.
Истражителите ги утврдуваат околностите на убиството, евентуалниот мотив.
Неофицијално, убиениот бил 92-годишник кој бил очув на таткото на убиецот.









