Стојанче Зарков викан „грофот“ доби доживотен затвор

0
248

Штипскиот угостител Стојанче Зарков викан „грофот“ денеска е осуден на доживотна затворска казна за убиство на неговата 84-годишна мајка Марија Заркова. Пресудата во Основниот суд Штип денеска ја изрече судијата Сашко Георгиев во отсуство на Зарков кој е во притвор во затворот Куманово.

Убиството се случи на 8 август лани, во 2 часот по полноќ, кога Зарков се јавил на бројот за итни повици. Средството со кое е извршено кривичното дело е нож, кој претходно од страна на угостителот бил користен и при вршење кривични дела поврзани со семејно насилство.

Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители.

Судијата Георгиев ја објави пресудата наведувајќи дека кривичното дело било извршено на 8 август 2025 година, во раните утрински часови, по 2 часот, кога обвинетиот самиот се јавил на бројот за итни повици. Убиството било извршено со зелен нож, кој, според судот, Зарков и претходно го користел при извршување кривични дела поврзани со семејно насилство.

Судијата Георгиев вели дека според архивата на Основниот суд во Штип, Зарков неколку пати е суден за сторени кривични дела семејно насилство врз неговите сега починати родители.

Основниот суд во Штип од 2020 до денеска изрече три казни доживотен затвор за сторени свирепи убиства.

Фото: скриншот ТвСтар