Трифунов: Пратениците да дојдат на минималец, па да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија

0
190

Утре, со почеток во 9 часот, улиците Даме, Груев и 11 октомври пред Собранието ќе бидат блокирани од работниците. Согласно закон, најмалку 21 човек ни се потребни на двете локации по 21 човек за да ги блокираме пратениците, да не се грижат тие за тоа колку луѓе ќе излезат на улица имајќи во предвид дека блокадата треба да упати порака до пратениците, дека тие го блокираат законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот временски период, секоја семејство е по-сиромашно за 9500 денари месечно, затоа што вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за толку пари во истиот период, изјави денес на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трифунов.

Пратениците сè уште се прават глуви и слепи на иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите работнички плати за најмалку 6000 денари, но пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија за намалување на нивните плати за 80%, или да си ја намалат основицата за пресметка на платите, од просечна на минимална плата, да дојдат и тие на минималец, па потоа да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија.