СУДСТВОТО ДОБИ ОЦЕНКА ТРОЈКА

0
261

На скала од 1 до 5 судството доби тројка во однос на судските услуги. Испитаниците најнезадоволни биле од брзината на судските постапки и корупцијата во судството. На 9 проценти од анкетираните им било побарано мито за одреден судски процес.

Анкетирани биле 1100 граѓани кои биле дел од судски предмети, барале административни услуги, како и новинари, адвокати и јавни обвинители.

Од Здружените на Судии, задоволни од анкетата.Судијата Иван Џорлев, вели дека резултатите се на просекот на земјите членки на ЕУ. – Иван Џорлев.

– Не станува збор за анкета која ја мери довербата во судството, туку личните искуства на граѓаните околу судските услуги.-

Тој изрази доза на критика за анкеатата на ИРИ која презентираше доверба од 2 отсто во судството. Во неа испитаници биле случајни граѓани и истата не била пренесена со сите детаљи.

Судиите задоволни, но Министерот за правда смета дека бројките од анкетата биле поразителни

Барем последната анкета ја покачи довербата во правосудството, но министерот Филков и денеска разрешувањето на Судскиот совет не го исклучи како опција. Но, со сегашните законски решенија како што посочи засега тоа не е придвидено. Граѓаните во анкетата ги оценувале Кривичниот, Граѓанскиот, Апелациониот суд и Врховниот суд.