Тетовец починал на плажа во Албанија, Брза помош дошла по повеќе од еден час!

0
448

41-годишен македонски државјанин од Тетово со иницијали А.С. вчера ненадејно починал на плажа во Каваја кај Драч, објавија медиумите на албански јазик. Починатиот човек бил на одмор со семејството.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и колегите, бидејќи починатиот не боледувал од никаква хронична болест. Медиумите пишуваат дека тој зад себе оставил сопруга и две ќерки.