Трамп се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако Техеран го блокира снабдувањето со нафта

0
153

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека ќе го удри Иран „многу посилно“ ако властите во Техеран одлучат да го блокираат снабдувањето со нафта во регионот.

„Нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и да се обиде да го спречи снабдувањето со нафта. Ако Иран направи нешто такво, ќе бидат погодени многу, многу посилно“, рече американскиот претседател на прес-конференција во Флорида. „Ако сакаат да ја играат таа игра, подобро да не го прават тоа“, додаде тој.