Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје. Владата на денешната седница донесе заклучок со кој го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, веднаш да започнат координиран вонреден инспекциски надзор на територијата на Град Скопје. Целта е утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид отпад и преземање соодветни мерки. Министерството за внатрешни работи, заедно со надлежните институции, ќе го испита и работењето на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и на градоначалникот во врска со несобирањето на отпадот, кој, како што се наведува, претставува опасност по здравјето на граѓаните. Владата оцени дека состојбата е алармантна и побара институциите веднаш да постапат.
Home Вести Македонија ЌЕ ЗАИГРА „МЕТЛАТА“ КАЈ АРСОВСКА И ВО „КОМУНАЛНА“ Владата нареди итни инспекции...









