Голема сообраќајка на автопатот кај Градско.

0
235

Страшна сообраќајка се случи на автопатот кај Градско. Нема информации за човечки жртви.Во сообраќајката во кој според фотографијата објавена на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам учествувал еден камион кој директно се удрил во бетонски столб издигнат над патот. Како што посочуваат голем број возачи кои го користат овој патен правец сообраќајката е предизвикана поради нерегулираниот сообраќај на коловозот каде немаа сигнализација, а најтрагично е тоа што на оваа собраќајница има остатоци од бетонски столбови каде порано беа лоцирани патарини, кое се остранети, но столбовите се уште стојат причинувајќи сериозни сообраќајки како вечерашнава.
Фотографијата од сообраќајката е објавена од фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам. Кликнето тука ако сакате да го погледате линкот од самата објава и коментарите на возачите кои бараат одоговорност од надлежните за недоволната сигнализација како на овој, така и на повеќе патни правци