Русија- нема да дозволиме судири меѓу турската и сириската армија

0
121

Русија нема да дозволи да дојде до судири меѓу турските и сириските сили за време ба турската воена офанзива во северна Сирија. Такви конфронтации ќе бидат едноставно неприфатливи, рече специјалниот руски претставник за Сирија Александр Лаврентиев денеска за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати.Нема да дозволиме тоа да се случи, рече тој додавајќи дека турски и сириски претставници се во контакт за да се избегнат судири. Во меѓувреме руското министерство за одбрана соопшти дека нивни војници патролираат по линијата на фронтот меѓу сириските и турските сили во близина на северниот град Манбиј за да ги држат војските раздвоени.