Девојче маскирано како Буба Мара е застрелано во Чикаго

0
153

Девојчето со татко и се шетало по улица во традиционалното собирање слатки за Ноќта на вештерките , кога било застрелано во градите. Во животно загрозувачка состојба , девојчето е однесено во болница.

Еден 31-годишен минувач бил застрелан во левата рака и однесен во друга болница, соопштија пожарникарите.

Девојчето било застрелано околу 17:30 часот по локалнио време кога некој истрелал со пушка од другата страна на улицата во населбата Литл Вилиџ во Чикаго, соопшти полицијата.