Исказите на неколку клучни сведоци ќе ја одредат судбината на Трамп во Белата куќа?

0
86

Отворањето на картите кое би можело да придонесе до тоа Трамп да стане првиот отповикан американски претседател започнува вечерва, а најавено е сведочење на важни официјални лица од структурите за национална безбедност на САД.

Драматичните сослушувања ќе бидат пренесувани на телевизија и најверојатно ќе бидат пресудни во донесувањето на одлуката дали Трамп ја злоупотребил својата моќ и вршел притисок врз Украина поради сопствени политички цели. Демократите ги поедноставија своите обвиненија против претседателот и го обвинуваат за задржување на воената помош за Украина.

Доколку републиканците не успеат да ги потпокаат тврдењата на демократите, ќе мораат да користат одбрана која Трамп сака да ја избегне по секоја цена – ќе тврдат дека неговото однесување не било примерно, но дека тоа не е доволно за негово отповикување од претседателската функција.