Партизановиот навивач бил убиен зашто сакал да направи – четврта фракција кај Гробари?!

0
92

Членот на озолгласената група „Алкатраз“ е последен во низата убиства на навивачи поврзани со криминалното подземје, ама според „Вечерње Новости“, полицијата има сознанија дека ова убиство е поврзано буквално со случувањата во навивачкиот свет, посебно околу партизановите групи. Наводно, белградската полиција истражува и се сомнева дека Марковиќ бил ликвидиран зашто планирал да направи четврта франција на навивачи на Партизан.

Марковиќ  беше еден од уапсените и осудените за убиството на францускиот навивач на Тулуз Брис Татон во 2009 година. Тој прво беше осуден на 30 години затвор, потоа казната му беше намалена за 50 отсто, а на крајот беше амнестиран во 2017 година.

Инаку Љубомир Киќа Марковиќ (37) беше убиен пред три дена на Воздовац. Белградските медиуи објавија фотографии од безживотното тело на Марковиќ како лежи на бензинска пумпа додека полициските екипи вршеле увид.

Полицијата интензивно трага по убиецот, а се споменуваа и две лица, извршители на бруталната ликвидација на Марковиќ.

 

Во пресметката се испукани 8 куршуми, а Марковиќ се обидел да му побегне на убиецот трчајќи од блискиот „балон“ каде што играл фудбал кон пумпата.

Меѓутоа паднал погоден, по што убиецот му испукал куршум во главата.