(ВИДЕО) Протече снимка од страотната сообраќајка кај Љубљана, камион се преврте од надвозник

0
73

Снимка од сообраќајна несреќа што денеска се случи на обиколницата кај Љубљана ја шокираше локалната и регионалната јавност.

Возач на автомобил во обид да претекне камион загубил контрола над возилото и удрил во задниот дел на камионот. Возачот на товарното возило обидувајќи се да го избегне судирот нагло свртел во десно, по што ја пробил банкината и се превртел во провалија.

Возачот на камионот, од унгарска националност, загинал на самото место на несреќата.

Возачот на автомобилот, опел корса, не е повреден, но му се заканува казна затвор во траење до 8 години.