Германија бара 24.000 работници: Во развиената економија платите се 4.000 евра, е еве кои професии се бараат

0
76

Германската железница во оваа и наредната година планира да вработи околу 50.000 нови работници.

На германскиот државен железнички сервис му се потребни илјадници нови работници, па компанијата одлучи да ги пополни празните места со потрага низ повеќе европски земји. Дојче Бан бара машиновозачи, возачи на автобуси и електричари во четири европски држави, меѓу нив и во Северна Македонија.

Годинава веќе беа објавени огласи во Шпанија и Романија од каде беа вработени по 30 работници од бараните профили. Сега „ловот„ по работна сила ќе се шири и на Италија, Грција, Србија и Северна Македонија.

 

Работниците кои ќе ги исполнат критериумите ќе добијат дополнителна обука во Германија, платено учење на германскиот јазик и квалификација за одредена струка, најави денеска во Берлин шефот на персоналното одделение на Дојче Бан Мартин Зајлер.