Илјадници верници ги преплавија храмовите во Витлеем

0
77

Од балканот на плоштадот Свети Петар, папата во најголем дел се помоли за луѓето зафатени од воени конфликти и за детските страдања. Нека Христос ги омекне камените и себични срца и нека им помогне на несреќните и обесправените, рече понтифот пред илјадниците верници на плоштадот.

-Има многу темнина во личните, семејните и социјалните односи, но светлината Христова е поголема. Има темнина и во економските, геополитичките и еколошките конфликти, но сепак поголема е светлината Христова. Нека својата насмевка преку нашите „сиромашни“ лица, Бог ја донесе до сите деца на светот, кои се напуштени и кои страдаат во насилство, изјави Папата Франциск, поглавар на Римокатоличката црква

– Илјадници верници ги преплавија и храмовите во Витлеем, колевката на Исус Христос. Во црквата Христовото раѓање присуствуваа и палестински официјални лица, меѓу кои и претседателот Абас. Овој Боќик останува запаметен и по отстуството на божикна миса во катердралата Нотр Дам, прв пат по два века, поради страотниот пожар што го зафати објектот пред осум месеци. Во САД очекувано кулминира божикниот шопинг, но и интересот на медиумите за празнувањето на Божик во семејството Трамп.