„Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул избран за „Аеродром на годината“

0
79

Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул е избран за „Најдобар аеродром на годината“ од страна на Азиско-Пацифичкиот авијациски центар (САРА), која е една од водечките светски воздухопловни организации.

 

Генералниот директор на аеродромот Ерсел Горал ја доби наградата на церемонија организирана за време на меѓународната средба на високо ниво на САРА на Малта.

 

– За нас претставува огромна чест да ја добиеме оваа награда од САРА. Тоа е признание за нашата забележителна историја на раст и развој, истакна Горал.