Британски документи: Клинтон одбил САД да се вмеша во војната во БиХ

0
83

Имаше сериозно несогласување со администрацијата на САД во јуни 1995 година за тоа како треба да изгледа американската политика кон БиХ, а според британски документи од кои сега е тргната ознаката за тајност, Бил Клинтон, тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави, се насочил кон умерената струја и одбил да се вмеша во војна.

Имено, како што покажуваат документите од јуни 1995 година, главниот судир во американската администрацијаве се водел помеѓу Медлин Олбрајт, тогашната амбасадорка на САД во ОН, која се залагаше за посилен ангажман на САД, и Сенди Бергер, заменик советник за национална безбедност на Бил Клинтон, кој се залагаше за немешање на Америка.