Емотивна видео снимка -Жителите од градот Вухан се бодрат со пеење на кинеската химна

0
80

Ова е видео снимка на која жителите од градот Вухан зафатен од Корона вирусот во еден глас ја пеат кинеската химна, за како што велат полесно да ги пребродат деновите во карантин.

Жителите од овој град не смеат да ги напуштат своите домови, поради големата опасност да се прошири вирусот, а голем дел од нивни сограѓани починаа од овој вирус. Се работи за бројка над 100 лица.

СЗО ја зголеми проценката за ризикот од корона вирусoт на меѓународно ниво од умерен до висок. Од таа здравствена организација досега тврдеа дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина и регионално, но умерен на меѓународно ниво“.