Обвинителка „претпладне“ ја испрашувала Стефанова за „Рекет“, потоа работеле заедно на „Империја“

0
94

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска и обвинителката Лиле Стефанова со спротивни ставови околу динамиката на истрагата „Империја“ каде еден од осомничените за перење пари е Орце Камчев. Ако екс-специјалната обвинителка Стефанова пред два дена тврдеше дека „Империја“ деновиве добива брзина и ефикасност, Русковска денеска тврди дека не чула за такво темпо.

„Па, јас немам информации дека истрагата се води по забрзано темпо. Знам дека се повикани некои сведоци и Стефанова постапува по предметот заедно со колешката Смаќовска. Така да, двете треба да бидат присутни кога ќе се сослушуваат сведоците“, рече Вилма Русковска, Шеф на Обвинителство за организиран криминал.