Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон славел Божиќ со камила и торта со рум

0
75

 

Божиќ во САД во 18. век се славел и на 6-ти јануари, за разлика од денес кој се празнува само на 25 декември. Согласно тогашната традиција, Божиќ се славел 12 дена, особено во куќата на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон.

На овој датум, исто така, претседателот Вашингтон се оженил со неговата сопруга Марта Вашингтон.

Овие детали ги открива музичарот и историчар Дон Франциско, кој за време на празниците се обидува да ја доближи тогашната божиќна музика пред посетителите на претседателскиот имот, кој се наоѓа во близина на Вашингтон.