ВМРО-ДПМНЕ на Извршен ќе одлучува дали да го напушти Собранието

0
79

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Извршен комитет ќе одлучува дали ќе го напушти Собранието. Партискиот лидер Мицкоски не гледа потреба од учество во неговата понатамошна работа, бидејќи не бил испочитуван договорот, денеска да се распушти Собрнаието.

Собранискиот спикер Џафери пак објаснува дека седницата не ја закажал, бидејќи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ била поднесена под старото уставно име на државата. По ова опозициската партија го повика да постапи по предлог –одлуката што лично тој ја поднел за распуштање на Собранието, а во која е наведено новото име.