Република Српска се закани со отцепување од БиХ

0
188

Пратениците во Република Српска дадоа краен рок од 60 дена за реформана Уставниот суд на Босна и Херцеговина во спротивно заканувајќи се со отцепување. Овој потег на пратениците на српскиот ентитет следува по одбивањето од судот да ја потврди нивната претходна пратеничка одлука, земјоделското земјиште во Република Српска да биде нивна сопственост, а не на Босна и Херцеговина.

За време на вчерашната вонредна седница 72 пратеници гласаа „за“, а двајца против суспендирање на работата на сите претставници на Република Српска во босанските институции се додека федералниот парламент не ги прекине мандатите на тројцата меѓународни судии во Уставниот суд.

Обраќајќи се во парламентот во Бања Лука, Милорад Додик, српскиот претставник во босанското мултиетничко претседателство, на англиски јазик рече: „збогум БиХ, добредојде РС-егзит. Ќе се видиме за 60 дена“.