Состанок кај Пахор за можноста од формирање нова словенечка Влада

0
82

Претседателот на Словенија Борут Пахор денес одржува состаноци со неколку политички партии кои се обидуваат да состават ново парламентарно мнозинство, а со тоа и нова влада.

Според се уште непотврдени информации, лидерите на СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) веќе се договориле за коалиција со партијата на Јанез Јанша и веќе имале обезбедено и 54 пратеници во Парламентот.

Според процедурите сега лидерите на овие партии треба да го убедат претседателот Пахор дека веќе има формирано ново мнозинство во Парламентот и е договорена нова коалиција предводена од СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша.