Франција се менува, од сексуални револуционери во инквизитори

0
85

Франција се чувствува скршено. Или поточно, политичка Франција, париска Франција и нејзините мејнстрим-медиуми, пишува во анализата на угледниот „Политико“.

Авторот Џон Личфилд констатира дека првпат во модерната историја на земјата, политичар си поднесе оставка затоа што неговиот приватен сексуален живот ѝ беше изложен на јавноста.

Причина за повлекувањето на Бенжамен Гриво, фаворитот на Макрон за градоначалник на Париз, е објавеното видео кое ѝ го испратил на некоја 27-годишна жена пред две години, во кое тој се снимал како мастурбира.